• вторник, 02 јули 2024

На шампионската парада на Барселона присуствуваа 76 илјади луѓе

На шампионската парада на Барселона присуствуваа 76 илјади луѓе

Барселона, 16 мај 2023 (МИА) – Машкиот и женскиот фудбалски тим на Барселона вчера ги прославија шампионските титули.

 

Според „Marca“ повикувајќи се на полициски информации, на парадата присуствувале 76.000 луѓе. Автобусите со тимови тргнаа од стадионот „Камп Ноу“ до Триумфалната капија.

 

Фудбалерите им делеа на навивачите шалови и маички, додека тренерот Чави, подели неколку лименки пиво со навивачите.

 

Френк Кеси и Роберт Левандовски ги покажааа своите танцувачки способности, а Жил Кунде на парадата пристигна во маица на Усман Дембеле.

 

Женскиот тим на Барселона 4-ти пат по ред го освои шампионатот на Шпанија, машкиот првпат по четири години. зс/

 

Фото: Фејсбук Барселона

Остани поврзан