• сабота, 23 ноември 2024

На територија на општина Струга 98 санкционирани возачи

На територија на општина Струга 98 санкционирани возачи

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровеле акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, соопштија од МВР.  

При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, 10 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан