• среда, 02 октомври 2024

На „Табановце“ за влез се чека еден час, на „Богородица“ за излез половина час

На „Табановце“ за влез се чека еден час, на „Богородица“ за излез половина час
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) – На граничниот премин „Табановце“ за влез се чека околу еден час, додека на преминот „Богородица“ за излез се чека околу 30 минути, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. свс/вг/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан