• сабота, 21 декември 2024

На Светскиот турски медицински конгрес Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција Мемишоглу

На Светскиот турски медицински конгрес Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција Мемишоглу

Скопје, 16 ноември 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“.

-Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји, објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, Таравари оствари средба со министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес.

Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

-На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството, се наведува во објавата на Таравари. нд/

Остани поврзан