На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
- Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Крушево е -4, Тетово и Маврово -3, Охрид -2, во Скопје се измерени два степена, а најтопло е во Гевгелија со пет степени, соопшти УХМР На Попова Шапка има и најмногу снег 44 сантиметри, во Маврови Анови 27, а во Крушево пет.
Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Најстудено утрово е на Попова Шапка -10 степени, во Крушево е -4, Тетово и Маврово -3, Охрид -2, во Скопје се измерени два степена, а најтопло е во Гевгелија со пет степени, соопшти УХМР
На Попова Шапка има и најмногу снег 44 сантиметри, во Маврови Анови 27, а во Крушево пет.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Фото: МИА