• недела, 05 мај 2024

На барање на публиката претставата „Секс, лаги и љубомора“ вечерва повторно пред охриѓани

На барање на публиката претставата „Секс, лаги и љубомора“ вечерва повторно пред охриѓани

Охрид, 11 април 2024 (МИА) - Поради големиот интере и на барање на публиката Охридскиот театар вечерва повторно на матичната сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе хит-комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети.

Претставата што е режисерска поставка на Коле Ангеловски, претставува приказна за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа...

Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

За претставата е резервирана Малата сцена на Центарот за култура од 20 часот. аб/

фото/ЦК „Григор Прличев“ 

 

Остани поврзан