• понеделник, 13 мај 2024

На Анчелоти му се заканува пет години затвор поради прикривање приходи

На Анчелоти му се заканува пет години затвор поради прикривање приходи

Мадрид, 6 март 2024 (МИА) - Шпанското обвинителство побара речиси пет години затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти за затајување данок, пишува „Relevo“.

Италијанецот не платил еден милион евра во периодот од 2014 до 2015 година.  Државните власти побараа 4 години и 9 месеци затвор за 64-годишниот фудбалски стручњак.

Анчелоти првпат го презеде Реал Мадрид во 2013 година и работеше во клубот до мај 2015 година кога поднесе оставка. Во јули 2021 година, Италијанецот се врати во Кралскиот клуб.

Реал по 27 кола во шпанското првенство е на првото место во поредокот со 66 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан