• петок, 05 декември 2025

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Тел Авив, 7 јуни 2025 (МИА) - Најмалку 60 лица загинале од утрово во израелски напади врз Појасот Газа, јави ДПА повикувајќи се на палестински медицински извори.

Министерството за здравство, контролирано од Хамас, соопшти и дека има десетици повредени.

Израелската армија засега не објавила информации за нападите, а бројките не можат да се потврдат од независни извори.

Според локалните извештаи, бројот на жртвите постојано расте, бидејќи нападите продолжуваат на различни локации во блокираната територија.

Палестинската агенција ВАФА претходно соопшти за жртви во областите околу градовите Хан Јунис и Рафа на југот од Појасот Газа, како и во самиот град Газа на север. ссм/

фото: архива

Остани поврзан