• петок, 05 декември 2025

Најмалку 26 загинати во експлозија на бомба во североисточна Нигерија

Најмалку 26 загинати во експлозија на бомба во североисточна Нигерија

Абуџа, 29 април 2025 (МИА) - Најмалку 26 лица загинаа, а три се повредени во експлозија на рачно направена експлозивна направа во североисточната нигериска сојузна држава Борно, регион кој се смета за жариште на активностите на исламистичките групи.

Меѓународна организација која обезбедува безбедност за странските невладини организации во тој дел на земјата соопшти дека две возила што се движеле меѓу градовите Ран и Гамбору Нгала налетале на експлозивната направа.

„Во експлозијата загинаа 26 лица, а три се ранети“, се наведува во соопштението.

Полицијата во државата Борно сѐ уште нема дадено официјален коментар.

Во регионот повеќе од 15 години дејствуваат исламистичките групи „Боко Харам“ и „Исламска држава – Провинција Западна Африка“, кои често користат своерачно направени експлозивни направи за напади врз цивили и безбедносни сили. ссм/

фото: архива

Остани поврзан