• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 14 жртви во сообраќајна несреќа во Пакистан

Најмалку 14 жртви во сообраќајна несреќа во Пакистан

Исламабад, 22 април 2025 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа кога мал камион што превезувал земјоделски работници паднал во ендек во јужен Пакистан, соопшти полицијата во вторникот.

Меѓу загинатите има работници и нивни семејства, седум мажи, три жени и четири деца.

Уште 20 лица се повредени во несреќата што се случила во областа Џамшоро во провинцијата Синд доцна во понеделникот, изјави локалниот полицаец Абдул Азиз Косо.

- Првичните наоди сугерираат дека несреќата се случила поради откажување на кочниците, рече Косо, пренесе ДПА. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан