• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Членството во „Алтернатива за Германија“ е несоодветно за полицајци, вели германски полициски комесар

Членството во „Алтернатива за Германија“ е несоодветно за полицајци, вели германски полициски комесар

Берлин, 10 јуни 2025 (МИА) - Федералниот полициски комесар на Германија, Ули Гроеч, изјави дека членството во крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АзГ) е несоодветно за полициските службеници, пренесе ДПА.

- Членството во АзГ и работата како полицаец се некомпатибилни, рече Гроеч за весникот „Рајнише пост“. Тој додаде дека јавната поддршка за партијата, како кандидатура за локални или парламентарни избори, треба да резултира со отпуштање од полицијата.

Гроеч го истакна неодамнешното класифицирање на АзГ како „потврдена десноекстремистичка“ организација од страна на германската служба за внатрешно разузнавање, поради докази дека партијата го загрозува демократскиот поредок. Сепак, оваа класификација е привремено суспендирана додека АзГ ја оспорува одлуката пред судот во Келн, а партијата засега се третира како „сомнителна“ за екстремизам.

Антиимигрантската АзГ е најсилната опозициска партија во германскиот парламент, откако заврши на второ место на изборите во февруари. ссм/

фото: архива

Остани поврзан