• петок, 05 декември 2025

Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани

Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани

Сплит, 10 јуни 2025 (МИА) - Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба.

Пожарот, кој избувна во една од ќелиите околу 21:30 часот, беше главно изгаснат од затворските службеници пред пристигнувањето на пожарникарите.

Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница поради проблеми предизвикани од чадот, соопшти противпожарната служба. ссм/

фото: архива

Остани поврзан