• четврток, 09 мај 2024

Најмалку 13 Палестинци загинаа во напад на кампот Нусејрат

Најмалку 13 Палестинци загинаа во напад на кампот Нусејрат

Газа, 9 март 2024 (МИА) - Најмалку 13 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а тимовите за цивилна одбрана работат на извлекување на сите жртви од урнатините.

Според Ал Џезира, се очекува да се зголеми бројот на загинати и ранети.

И на југот на Газа, во Кан Јунис, според извештаите, двајца Палестинци биле убиени во израелски напад врз друг бегалски камп, а уште седум лица биле повредени.

Најмалку 82 лица се убиени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа, јави Ал Џезира. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан