• четврток, 26 март 2026

Најмалку 13 загинати во последните израелски напади врз Газа

Најмалку 13 загинати во последните израелски напади врз Газа

Газа, 29 мај 2025 (МИА) – Во израелско бомбардирање на Појасот Газа во текот на ноќта загинале најмалку 13 лица, соопштија локалните болници.

Четири лица биле убиени во напад на автомобил во градот Газа доцна синоќа, а уште осум, вклучувајќи две жени и три деца, биле убиени во напад на куќа во Џабалија. Во напад на бегалски камп во централна Газа загинало едно лице, а 18 биле повредени.

Информациите не можат да бидат потврдени од независни извори. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан