• понеделник, 20 мај 2024

Најмалку 107 загинати во последните 24 часа во Газа, соопштија здравствените власти

Најмалку 107 загинати во последните 24 часа во Газа, соопштија здравствените власти

Газа, 3 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 107 лица загинаа во појасот Газа во последните 24 часа во тековните борби, соопштија денеска локалните здравствени власти.

Повредени се уште 165 лица, соопшти власта која е под контрола на палестинската милитантна организација Хамас.

Здравствените власти вчера соопштија дека 112 лица биле убиени во претходниот 24-часовен период, а 148 повредени.

Вкупно, 27.238 Палестинци се убиени во Газа, од кои 75 проценти се жени, деца, млади луѓе или постари лица, а дополнителни 66.452 лица се повредени, соопштија властите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан