• петок, 12 декември 2025

Најмалку тројца загинати во украинските напади со дронови на Русија, едно лице загина во руски напад на Херсон

Најмалку тројца загинати во украинските напади со дронови на Русија, едно лице загина во руски напад на Херсон

Москва, 2 август 2025 (МИА) - Најмалку три лица беа убиени во текот на ноќта во нападите со украински дронови во јужна Русија, соопштија локалните власти.

Нападите се случиле во регионите Ростов и Пенза, како и во Самара, која е далеку од линијата на фронтот.

Руската војска соопшти дека преку ноќ пресретнала 112 украински дронови.

Во Украина едно лице загина, а две други се повредени во руско гранатирање утрово на градот Херсон, објави Воената администрација на Херсон на Телеграм.

Шефот на локалната Воена администрација, Александар Прудкин, изјави дека рускиот напад бил насочен кон важни инфраструктурни објекти, како и станбени области. мс/

фото: ЕПА 

Остани поврзан