Најмалку тројца загинати во пукање врз автомобил на функционер во руска Ингушетија
- Вооружени напаѓачи отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓал локален безбедносен функционер во руската севернокавкаска област Ингушетија, при што убиле три лица, меѓу кои и еден полицаец, јави ТАСС, повикувајќи се на истражители.
Москва, 12 октомври 2024 (МИА) – Вооружени напаѓачи отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓал локален безбедносен функционер во руската севернокавкаска област Ингушетија, при што убиле три лица, меѓу кои и еден полицаец, јави ТАСС, повикувајќи се на истражители.
Агенцијата го цитира локалниот огранок на рускиот истражен комитет дека синоќа бил отворен оган врз автомобил доделен на заменик-шефот на Центарот за борба против екстремизмот во Ингушетија.
Локалниот огранок соопшти дека е отворена кривична истрага за инцидентот и оти се трага по оние кои стојат зад нападот. Напаѓачите побегнале од местото на злосторството и се упатиле кон соседниот регион Северна Осетија.
Ингушетија е во непосредна близина на Чеченија, во центарот на често нестабилниот регион на Северен Кавказ. јт/
Фото: Гугл мапи