• вторник, 14 мај 2024

Најмалку петмина загинати во судар на патнички траект и товарен брод во Бангладеш

Најмалку петмина загинати во судар на патнички траект и товарен брод во Бангладеш
Дака, 5 април 2021 (МИА) – Патнички траект се судри со товарен брод и потона во реката Шиталакши, јужно од главниот град на Бангладеш, Дака. Локалните власти потврдија дека во несреќата загинале најмалку пет лица и оти голем број патници се водат како исчезнати. - Во тек е операција за спасување, изјави портпарол на полицијата, додавајќи дека некои патници успеале да допливаат до брегот. Траектот бил полн со луѓе кои се враќале во своите домови откако Владата соопшти дека од денеска ќе стапи во сила „заклучувањето“, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Вчера во Бангладеш беше регистриран рекорден дневен број на новозаразени – 7.087, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата достигна 637.364 од кои 9.266 луѓе починале. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан