• недела, 22 декември 2024

Најмалку петмина американски војници ранети во напад на воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак

Најмалку петмина американски војници ранети во напад на воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак

Вашингтон, 6 август 2024 (МИА) - Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници.

Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на палестинското исламистичко движење Хамас и либанската група Хезболах минатата недела.

Според ирачките сили за безбедност, две ракети „Катјуша“ биле истрелани кон воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак и паднале внатре во базата.

Иран оцени минатата среда дека и САД носат одговорност за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран, поради нивната поддршка за Израел.

„Можеме да потврдиме дека имаше ракетен напад врз американските и коалициските сили во воздухопловната база ‘Аин ал Асад’ во Ирак“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на САД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан