• понеделник, 15 јули 2024

Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Скопје,  20 јуни 2024 година (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи 11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што информираат од собраниската прес-служба, воведен говор ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Од страна на претставник на Владата на Република Северна Македонија ќе биде презентирана претседавањето со ПСЈИЕ.

На овој настан ќе се одржи дискусија на тема „Зајакнување на регионалната соработка преку промовирање на економскиот развој - Стратегија 2030 на ЈИЕ“

На крајот на сесијата следи завршна изјава и усвојување на финалната декларација.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан