• недела, 22 декември 2024

Работилница на Криста ДеНио и Искра Шукарова

Работилница на Криста ДеНио и Искра Шукарова

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Од денеска до 17 ноември во КСП Центар - Јадро во Скопје, Криста ДеНио и Искра Шукарова ќе одржат работилница за членови на заедницата, студенти и професионалци од областа на танцот, театарот и други дисциплини во земјава.

Работилницата ќе истражува интердисциплинарни пристапи во создавањето на site-specific перформанси, користејќи методологии од танцот и театарот.

Работилницата ќе вклучува движење и гласовен тренинг базиран на соматски практики, контакт импровизација и техники од Action Theater, а ќе заврши со кратки перформанси креирани од учесниците.

ДеНио ќе се базира на својот NETWORK проект инспириран од еколошките системи на комуникација кај дрвјата, додека Шукарова ќе ги сподели своите истражувања за невербална комуникација како рамка за уметничко изразување.

Искра Шукарова како уметник се интересира за врската помеѓу телото и гласот, како и за пронаоѓање на конекции со природата и животните. Таа истражува и нови начини на поврзување со публиката како дел од перформативниот процес, со посебен фокус на интердисциплинарните пристапи.

Криста ДеНио работи со движење, звук и наративно раскажување, креирајќи интерактивни и партиципативни искуства. Нејзините изведби вклучуваат и скриптирана и кореографирана работа како и импровизациски интеракции, со цел создавање на нови видови на искуства.

Перформансот/презентацијата MOVING INSIDE OUT ќе биде изведена од Криста ДеНио (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) во КСП Центар-Јадро во Скопје на 20 ноември во 18 часот, како дел од Меѓународниот театарски фестивал, МОТ ФЕСТИВАЛ. мч/са/

фото:  КСП Центар - Јадро

Остани поврзан