• среда, 22 јануари 2025

Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Во Филхармонија во Скопје на 24 јануари ќе се отвори новата сезона на Националниот џез оркестар, со концертот „Џез-лектира: Quintessence by Quincy Jones!”.

Во центарот на вниманието ќе биде биг-бенд опус на музичкиот гениј Квинси Џонс.

Како солисти на овој концерт ќе настапат истакнати имиња од македонската музичка сцена - Калина Велковска, Светлана Јовановска, Ана Петановска, Дејан Бобиќ - Дексо, Сашо Гигов-Гиш и Џон Илија Апелгрен, а диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

Како што соопштија од НУ Оркестар за џез музика, концертот со кој ќе се отвори новата сезона ќе биде во знакот на музичкиот гениј Квинси Џонс, од неговите почетоци во 1959 година, па сè до неговиот подоцнежен период како аранжер и продуцент, концертот ќе понуди уникатна прилика за слушање, ексклузивни неиздадени аранжмани, како и композиции што го оформиле неговото култно музичко наследство.ад/бт/

Остани поврзан