• петок, 17 мај 2024

Промоција на стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска

Промоција на стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска денеска ќе биде промовирана во новата зграда на Општината Ѓорче Петров. Поетската книга свечено ќе ја претстави критичарот и поет проф. д-р Васил Дрвошанов.

Оваа книга е трета нејзина објава по стихозбирките „Восочни солзи“ (2019) и „Навезени букви“ (2021), сите публикувани во Скопје.

Стихозбирката содржи 74 песни. Мотивите во нејзините песни се разгранета мрежа, почнувајќи од колективната болка, предизвикана од социјалните непожелни промени, до личната болка, предизвикана од осаменоста. Песните на Наумовска имаат силен емотивен набој произлезен од нејзината душа и претставуваат драгоцен поетски влог во македонската книжевност. дма/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан