• петок, 03 мај 2024

Презентација на резултати од анкета и родово базирана анализа поврзани со онлајн врсничко насилство

Презентација на резултати од анкета и родово базирана анализа поврзани со онлајн врсничко насилство

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Институтот за човекови права денеска во Скопје организира завршен настан во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчињата” финансиски поддржан од Канадската амбасада во Белград.

Целта на настанот, што ќе се одржи во Европска Куќа (Europe House), е да се презентираат резултатите од „Родово базирана анализа на објави на социјалните медиуми поврзани со онлајн врсничко насилство“ и Анкетата на тема „Онлајн врсничко насилство“ спроведена во средните училишта на територија на Република Северна Македонијa.

На настанот, како што е најавено, поканети се претставници на институциите, граѓанските организации и медиумската фела, со цел да се развие дискусија која ќе ги опфати сите аспекти на истражуваните теми. вг/лв/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан