• понеделник, 23 декември 2024

Отворен ден во СУГС „Браќа Миладиновци“ по повод Светскиот ден на водата

Отворен ден во СУГС „Браќа Миладиновци“ по повод Светскиот ден на водата

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, по повод Светскиот ден на водата, денеска организира отворен ден на училиштето, во чии рамки ќе ги прогласат победниците од ликовно-литературниот конкурс „Водата ве води во средно“.

На настанот, како што најавија од училиштето, ќе присуствува министерот за образование Јетон Шаќири, заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Oпштина Студеничани Азем Садики, градоначалникот на Општина Зелениково Коста Маневски, како и други гости.

-Во услови на светска економска криза, земјоделското производство само ја зацврсти важноста на обезбедувањето храна. Но, за жал, новите генерации не ја препознаваат оваа вредност, па ние секоја година се соочуваме со намален број на ученици. Со цел да го свртиме вниманието кон нашето училиште и да ги стимулираме младите да ја одберат земјоделската образовна струка, во декември минатата година распишавме конкурс за сите деветтоодделенци „Водата ве води во средно“. Пристигнаа над сто цртежи и над четириесет литературни дела од цела Македонија, посочуваат од училиштето. мс/дма/

фото/МИА архива

Остани поврзан