• четврток, 14 ноември 2024

Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“

Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи завршна Конференција на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за Поддршка на мрежи и платформи за граѓански организации во Република Северна Македонија. 

Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА, целта на настанот ќе биде да се претстават постигнатите резултати со проектот, но исто така ќе се дискутираат локалните практики и предизвици кон поттикнување на поголемо влијание на младите и младинскиот сектор во процесите на креирање политики. 

Организаторите најавуваат дека на конференцијата ќе се обратат Зоран Илиески, извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА и Тим лидер на проектот, Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Стефен Худолин, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија и Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода.

Проектот е спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар и Асоцијација Женски Форум Тетово. Главната цел на проектот е да се подобри квалитетот на спроведувањето на младинската политика врз основа на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан