• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

14 ноември 2024 

Скопје - Новоизбраните членови на Државната изборна комисија Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Охридска сала/10:30, камермани и фоторепортери)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Сала 4/12:00)

Битола - Собраниска делегација во состав Пеце Милевски и Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе положи цвеќе на Француските воени гробишта по повод Денот на народната жалост и сеќавање на Примирјето од 11 ноември 1918 година. (11:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). (х.„Хилтон“/12:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и државниот секретар во Министерството за одбрана Елизабета Чуповска Ристова ќе учествуваат на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“. (свечена сала во Влада/10:00)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари, ќе одржи прес-конференција со претставници на Project Hope и BD по повод потпишувањето на договори со четири јавни здравствени установи за донација на перфузори. (Министерство за здравство/10:00)

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Македонскиот народен театар. (11:30/ 12:00 изјави за медиуми/)

Скопје - Втора конференција за дигитализација „Business and Government: Aligning for a Secure Digital Future” во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија. (х.„Холидеј ин“/9:00)

Скопје - Кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје - Грижи се за себе - со земање крв за PSA , бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 години (12:00-14:00) на која ќе присуствуваат и заменик министер за здравство Јовица Андовски, директорот на ДСЗИ Кирил Лазов, претставник од Македонската асоцијација на уролози. (пред ЈЗУ ЗД Железничар/12:30)

Скопје - Прес-конференција на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија (НЗЕДМ) и УК за Ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања. (х.„Холидеј ин“/14:00)

Скопје - Македонското здружение по урологија организира "Турнир во баскет" во склоп на кампањата "Movember-Не дозволувај здравјето да скапе!". (Спортска сала на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (18:30, изјава за медиуми)

Штип - Панел-дискусија „Регионална соработка и европска интеграција - Агендата на ЕУ за Западен Балкан“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ во Брисел, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Академијата за европски интеграции во Скопје. (Тренинг центарот на УГД/11:00)

Скопје - Конференција на тема „Локална енергија и социо-еколошка агенда” во организација на Македонската платформа против сиромаштијата. (Младински центар Матично/14:00) 

Скопје - Општина Битола ќе го промовира еко проектот EU4CleanAir. (Градско шеталиште/13:30)

Скопје - Прес-конференција за премиерата „Драми на принцезите“ со поднаслов „Смртта и девојката“ на нобеловката Елфриде Јелинена. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Фестивал на чајот во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол. (Скопје Сити Мол, приземје)

Скопје - Промоција на романот „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Sоф. (МКЦ/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски. (КИЦ, Салон 19:19/19:19)

Белград - Тридневна ревија на македонскиот филм и музика. (Културен центар Пароброд/19:00)

Скопје -  Проекции на филмовите „Помеѓу боговите: Двата Света“ и „Одлука за заминување“ за Денот на Корејската култура во Скопје во организација на Амбасадата на Република Кореја и Кинотека на Македонија. (Кинотека/17:00/19:30) 

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев. (Филхармонија/20:00)

 

___________________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан