• сабота, 18 мај 2024

Завршна конференција „Поттикнување на пртеприемачкиот дух кај младите во општина Могила“

Завршна конференција „Поттикнување на пртеприемачкиот дух кај младите во општина Могила“
Скопје, 24 март 2023 (МИА) - Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола денеска организира завршна конференција во рамки на Иновативната иницијатива за мобилизација на заедницата „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“ на која ќе бидат презентирани проектните резултати од спроведенитеактивности во изминатиот период.
 
На завршната конференција, по презентирањето на Извештајот со фактичката состојба и наодите околу состојбата со младите во општина Могила и регионот од страна на Иван Дургутов, излагање ќе има и градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски,.
 
Предвидени се излагања и на претседателката на Советот на Општина Могила, Маргарита Груевска, на експертката за младински прашања Анета Ристевска, како и на Мартин Ристевски и Ангела Ристевска, мобилизатори на заедницата. мч/са/

Остани поврзан