• сабота, 27 јули 2024

Делови од Чаир, Петровец и Ѓорче Петров без струја

Делови од Чаир, Петровец и Ѓорче Петров без струја

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од жителите од општините Чаир, Петровец и Ѓорче Петров. 

Во периодот од 8:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Кумбара“, „Исмаил Кадире“, „Севастополска“, „Кримска“ и „138“ во општина Чаир.

Од 9 до 11 часот денеска без струја ќе биде објектот на „Кипер“ лоциран во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец.

Без струја во периодот од 9 до 13 часот ќе бидар корисниците лоцирани околу железничката станица во Волково, општина Ѓорче Петров. 

Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани инвестиции во електродистрибутивната мрежа. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан