• среда, 15 мај 2024

Министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

Министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Прва министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Домаќин на министерската конференција е министерот Љупчо Николовски, а учество ќе земат Владимир Јоковиќ вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Анила Денај, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фатон Пеци, министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Мирослав Маринов заменик министер за земјоделство и храна на Бугарија.

Во рамки на министерската конференција министрите ќе одржат министерска тркалезна маса каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион. свс/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан