• среда, 24 јули 2024

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Скопје,15 мај 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО.

Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе има билатерални средби со командантот на силите на САД за Европа и Сојузничката команда на НАТО за операции, генерал Кристофер Каволи, со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне и со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Метин Гурак.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји членки.ад/са/

 Фото: ГШ на Армијата

Остани поврзан