• среда, 24 јули 2024

Приведени дрвокрадци во Куманово

Приведени дрвокрадци во Куманово

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Полицијата синоќа, околу 22:30 часот, во кумановската населба Ајдучка чешма ги лишила од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.

Како што информира денеска МВР, при преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација.  Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/сст/

Фото: МВР 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан