• петок, 22 ноември 2024

Началникот на Генералштабот на Србија и командант на КФОР за соработка поради „нестабилната ситуација“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Србија и командант на КФОР за соработка поради „нестабилната ситуација“ во Косово

Белград, 7 август 2024 (МИА) - Поради нестабилната ситуација на Косово, неопходно е продолжување на соработката меѓу Војската на Србија и КФОР, оценија на средба на 7 август во Белград началникот на Генералштабот на Војската на Србија (ВС) и командатот на КФОР генерал мајорот Озкан Улуташ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Србија, Мојсиловиќ и Улуташ разговарале за безбедносната состојба на Косово и заедничката соработка меѓу ВС и КФОР во Белград.

-Имајќи предвид дека безбедносната состојба на Косово и Метохија е нестабилна и чувствителна, соговорниците се согласија дека е неопходно да се продолжи досегашната добра соработка и директна комуникација на сите нивоа, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Мојсиловиќ на состанокот кажа дека ВС, во согласност со Воено-техничкиот договор, го гледа КФОР како единствен легитимен безбедносен актер на Косово и Метохија, кој е „должен да дејствува професионално и непристрасно и да го штити српското население и наследство“.

Средбата се одржа на денот кога Србите кои живеат во Северна Митровица одржаа протест против отворањето на мостот на Ибар што ја поврзува оваа општина со Јужна Митровица, каде живее мнозинско албанско население.

Во повоениот период, овој мост беше симбол на конфликти и барикади што ги подигнаа косовските Срби за да се спротивстават на напорите на Косово да воспостави власт на северот.

Мостот засега е отворен само за пешаци, иако е договорено како дел од дијалогот на Косово-Србија да се отвори и за сообраќај.

Владата на косовскиот премиер Албин Курти во средината на јули објави дека има намера да го отвори главниот мост на Ибар во Митровица.

Сепак, земјите на Квинтата - САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, соопштија на 2 август дека не поддржуваат отворање за сообраќај на мостот во овој момент. об/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан