• понеделник, 23 декември 2024

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје

Струга, 15 јануари 2024 (МИА) - Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска - Стојчевска.

Според неа, состојбата на терен ќе каже, а потоа ќе постапуваат.

- Направено е скенирање на целиот терен во охридско-струшкиот регион и ќе утврдиме што се дивоградби во Општина Струга што не, независно од тоа што Општина Струга изјавува, нагласи Костадиновска - Стојчевска по забелешките дека се копа струшкото крајбреже.

Таа посочи дека до Националната комисија за УНЕСКО имало доставено неколку предмети, но и покрај притисоците и инсистирањето дека во општина Струга треба да има градби на одредени места, се постапило согласно закон и одлуките на Комисијата.

- Колкав и да беше притисокот и инсистирањето дека во Општина Струга треба да има градби на одредени места, она што кажа Комисијата дека не треба така и се постапи. Не само градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца што кажуваат, секаде каде што имаме заштитени споменични целини и каде што има право на одлучување Управата за заштита на културно наследство се постапува по закон, не се постапува ништо спротивно од закон, нагласи министерката.

Во текот на февруари во земјава мониторинг комисија на УНЕСКО ќе утврдува на терен колку од препораките за заштита на охридскиот регион се исполнети. Најголем дел од ингеренциите, според министерката за култура, се на општините Охрид, Струга и Дебрца.Таа посочи и дека законот за легализација на бесправно изградените градби е повлечен од собраниска процедура, токму поради забелешките од Националната комисија на УНЕСКО. сс/мд/

Остани поврзан