• среда, 25 март 2026

Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани, вечер на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ втора проекција

Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани, вечер на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ втора проекција

Кочани, 16 јули 2025 (МИА) - На Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер следува втората проекција на филм од Патувачкото кино на МакеДокс, Фестивал на креативен документарен филм. Името на филмот што ќе биде прикажан се уште не е познато. Организаторот, изборот го прави според публиката и нејзината возраст.

- Имаме подготвено поголема селекција на филмови што биле прикажувани на минатите изданија на МакеДокс. Програмата не ја правиме во стилот - кој ден кој филм ќе прикажуваме, туку на самото местоодлучуваме  според тоа каква публика ќе дојде, деца, помлади или повозрасни, информираше Сара Ферро од Здружението за промоција на документаристика МакеДокс.
Синоќа беше прикажан првиот филм, „Со љубов“, на режисерот Илија Цветковски.

Патувачкото кино на МакеДокс ќе биде во Кочани на летната сцена на ЦК „Бели мугри“ секоја вечер до 20 ти јули. Единствено, сабота, 19 - ти јули, ќе помине без филм.

Проекциите започнуваат во 21 часот. Патувачкото кино на МакеДокс е подржано од Агенцијата за филм, а неговото гостување во Кочани се реализира во соработка со ЦК „Бели мугри“, Општина Кочани и СапортКочани.ис/

Фото: МИА
  

Остани поврзан