• среда, 10 декември 2025

Натпревар за млади вина во Кавадарци 

Натпревар за млади вина во Кавадарци 

Кавадарци, 9 декември 2025 (МИА) - Натпревар за млади вина се реализира денеска во Кавадарци, во организација на Здружението на винари енолози од Македонија, информираа попладнево од здружението во кое членуваат стручни лица од областа на енологијата. Во рамките на натпреварот, во кавадаречката градска винотека, што работи во склоп на Вински музеј за регионот Тиквеш, се дегустираат вински примероци доставени од различни краеви на државата. 

- Здружението на винари енолози од Македонија, негови истакнати познавачи од областа на винскиот сектор,  ги оценуваат пристигнатите мостри на вина. Над двеста етикети се пристигнати за натпреварот од сите регистрирани мали семејни винарии, појаснија организаторите на настанот за МИА. 

Наградите за најдобрите, ќе бидат доделени во сабота, во рамките на настанот Тиквешки вински салон, во организација на Здружението ,,Македонски семејни винарии". свд/дма/


Фото : Градска винотека 

Остани поврзан