• недела, 19 мај 2024

Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ

Наталиа Илиевска Божиновска нов генерален секретар на ФФМ

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) – Нов генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од денеска е Наталиа Илиевска Божиновска.

Како што е соопштено попладнево, Илиевска Божиновска доаѓа од генералниот секретаријат на ФФМ, а на должноста ќе го наследи Филип Поповски, кому по истекот на вториот четиригодишен период му престана законски утврдениот максимален мандат.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе и одлука за користење на средствата од Форвард 3 и Форвард 2 програмата на ФИФА за инвестициските проекти. ег/дма/

Фото: ФФМ

Остани поврзан