• петок, 22 ноември 2024

Наезда од младенчиња на лемури во ЗОО на Нов Зеланд

Наезда од младенчиња на лемури во ЗОО на Нов Зеланд

Велингтон, 13 октомври 2022 (МИА) - Зоолошката градина во новозеландскиот главен град Велингтон, ги претстави своите нови миленици - четири двојки близнаци лемури. Имено, четири женки од загрозениот вид што како природно живеалиште го има само Мадагаскар, се породиле на Нов Зеланд последниве три месеци, соопшти Зоолошката градина.

Првите бебиња близнаци се родени во август, а последната двојка пред само една седмица. Лемурите се наведени во Црвената книга за загрозени видови и се предмет на зачувување и размножување во зоолошките градини и резервати низ светот. Причината за намалувањето на популацијата на овие животни, кои станаа светски познати благодарение на цртаниот филм „Мадагаскар“ од 2005 година, е фактот што женките се сексуално активни само еден или два дена во годината. Проблем е и уништувањето на нивното природно живеалиште - поради климатските промени и човековите дејности. си/сд/

Остани поврзан