• недела, 22 декември 2024

Над милион денари за подобра патна инфраструктура во Кавадарци 

Над милион денари за подобра патна инфраструктура во Кавадарци 

Кавадарци, 9 јули 2024 (МИА) - На Општина Кавадарци и се доделени средства од Владата преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра, што се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- Во тек е уривање на стариот асфалт и подготовки за ново асфалтирањето на улица ,,Ѓорѓи Соколов’’ на површина од 3.500 квадратни метри, активност што е во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта’’, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Изведувач на работите e ,,Градба промет". свд/

 

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан