• сабота, 20 јули 2024

Надал: Голема е веројатноста дека нема да се вратам на Ролан Гарос

Надал: Голема е веројатноста дека нема да се вратам на Ролан Гарос

Париз, 27 мај 2024 (МИА) - Рафаел Надал со години се обидува да се врати на старите патеки на слава, но секогаш кога ќе излезе на теренот прави само голем чекор назад, бидејќи честите повреди и долгото боледување оставија толку длабока трага на неговиот тенис што дојде денот кога освојувачот на 14 титули на Ролан Гарос веќе е елиминиран во првото коло на најголемиот турнир на земја. 

Тешкиот пораз од Александар Зверев го натера повторно да проговори, овој пат без да ги прашања на медиумите, за неговата кариера полна со трофеи, најмногу запаметена и ценета по 22-те триумфи во Гренд слем турнирите. И повторно остана недоречен, меѓу сознанието дека не е ни бледа сенка од неговата најдобра верзија и желбата да потрае на теренот. 

-Тешко ми е да кажам што носи иднината. Голема е веројатноста дека нема да се вратам овде на Ролан Гарос, но не е сосема сигурно. Сега ја чувствувам топката многу подобро отколку пред два месеци. За два месеци, можеби Ќе кажам „доволно“, но се уште го немам тоа чувство. Сакам да се вратам на Олимпијадата, тоа ќе биде добра шанса и се надевам дека ќе бидам подготвен за тоа. Направив прекрасни работи во текот на кариерата на овој терен, за кои ниту можев да замислам ниту да сонувам. Тоа беше прекрасен процес, спомени, секоја година беше различна, секоја година посебна. Сите што работат на Ролан Гарос, сите зад сцената, сите го направија тоа незаборавно. Потоа до моето семејство, тимот. Ви благодарам од се срце. Се надевам дека повторно ќе се видиме, но не знам“, изјави неодлучниот Надал.

Како што налага бонтонот, Шпанецот го пофали Германецот кој во 2022 година поради повреда му го предаде полуфиналето на РГ, а денеска го „разнесе“ во три сета. За само четврта победа во 11 меѓусебни дуели. 

-Му честитам на Саша за одличниот натпревар и победата. Ти посакувам се најдобро во остатокот од турнирот. Пред две години имаше тешки моменти, но ти посакувам среќа во иднина. Поминав две тешки години со повредите кои ги имав. Ова е процес кој требаше да заврши со моето враќање овде, но не помина добро“, заврши Надал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан