• недела, 30 јуни 2024

Наградата „Балкански книжевни видици“ за српскиот поет Игор Мировиќ

Наградата „Балкански книжевни видици“ за српскиот поет Игор Мировиќ

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Поетот Игор Мировиќ од Нови Сад, Србија е добитник на наградата „Балкански книжевни видици“ што се додлеува во рамки на Меѓународниот фестивал „Книжевен круг” во Скопје.

Наградата му се доделува за меѓународни книжевни вредности и релации, а ќе му биде врачена на 7 јуни, годинава, на завршницата на Фестивалот, на свеченост во Културно-информативниот центар во 19:30 часот.

Во рамки на Меѓународниот фестивал кој започна на 21 мај, на 4 јуни со почеток во 13 часот во големата сала на Општината Кисела Вода, ќе се одржи приредбата „Радоста на пишувањето и читањето” каде ќе настапат голем број современи македонски писатели за деца и млади со свое творештво. На оваа свеченост ќе му биде врачена наградата „Големиот Принц” на писателот Горјан Петревски – за дострелите во литературата за деца и млади. Наградените ученици, пак, ќе се претстават со литературни творби на тема „Културно наследство”.

Организаторот на фестивалот, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” – Скопје, најави учество на повеќе од педесет писатели од земјава и странство,

Меѓународниот фестивал „Книжевен круг”, во иднина ќе биде традиционален и ќе се одржува секоја година, наведуваат организаторите. вг/дма/

Фото: Меѓународниот фестивал „Книжевен круг” 
 

Остани поврзан