• петок, 22 ноември 2024

Мјанмар: Најмалку 25 луѓе загинаа во бомбардирање, Гутереш ја осуди ескалацијата на насилството

Мјанмар: Најмалку 25 луѓе загинаа во бомбардирање, Гутереш ја осуди ескалацијата на насилството

Бангкок, 19 март 2024 (МИА) - Најмалку 25 Рохинџи загинаа во бомбашки напад во западен Мјанмар, објавија локалните медиуми.

Според извештаите, нападот се случил вчера утро во селото Тада, во сојузната држава Ракјан, а ранети се уште 25 лица. Меѓу загинатите, како што е наведено, има и шест деца.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази „длабока загриженост“ поради влошувањето на ситуацијата и ескалацијата на конфликтот во Мјанмар.

Неговиот портпарол Фархан Хак објави дека Гутереш ги осудува сите форми на насилство и го повтори повикот за заштита на цивилите.

Војската на Мјанмар се повеќе користи воздушни напади за да се судри со вооружените бунтовници против воената влада која ја собори цивилната влада на Аунг Сан Су Чи со државен удар во 2021 година. паг/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан