• недела, 22 декември 2024

Муцунски - Агелер: Одржување континуитет во политичкиот дијалог меѓу двете земји и партнерска соработка во рамки на НАТО

Муцунски - Агелер: Одржување континуитет во политичкиот дијалог меѓу двете земји и партнерска соработка во рамки на НАТО

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје Никол Варнес.

Во рамки на средбата, како што информира ресорното министерство, Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси во земјата.

- Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата, се вели во соопштението.

При тоа, како што се наведува, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција. мд/аа/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан