Муртезани: Северна Македонија не ја условува ЕУ, туку сакаме да елиминираме грешките од минатото да не се повторат во иднина
- -Условите за пристапување ги поставува Брисел со соодветна динамика и реформи, а во Реформската агенда тоа е поврзано и со конкретни датуми, така што се што останува на нас е тие реформи да ги имплементираме, ние не поставуваме услови, туку споделуваме загриженост околу тоа што сметаме дека во минатото е направено погрешно, и се обидуваме тие грешки во иднина да ги елиминираме, рече Муртезани.

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Северна Македонија не поставува услови кон Европската Унија, бидејќи процесот на интеграција на земја-кандидат се прави со наше барање, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по повод префрлањето на првата транша од средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст.
-Условите за пристапување ги поставува Брисел со соодветна динамика и реформи, а во Реформската агенда тоа е поврзано и со конкретни датуми, така што се што останува на нас е тие реформи да ги имплементираме, ние не поставуваме услови, туку споделуваме загриженост околу тоа што сметаме дека во минатото е направено погрешно, и се обидуваме тие грешки во иднина да ги елиминираме, рече Муртезани.
Муртезани на прес-конференција инфомира дека земјава ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. нд/са/
Фото: МЕП