• понеделник, 15 декември 2025

Музеј галерија Кавадарци со изложба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 

Музеј галерија Кавадарци со изложба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената 
Кавадарци, 7 март 2023 (МИА) - Музеј галерија Кавадарци, вечерва со изложба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената, 8 Март. 
 
- По тој повод, секоја година традиционално организираме изложба на која се презентираат уметнички дела изработени од понежниот пол. И овојпат ќе реализираме изложба со уметнички дела изработени од вредните раце на неколку уметнички, аматери од Кавадарци, информираат од Музеј галеријата. 
 
На изложбата, со свои дела ќе се претстави Наташа Бошковска,  срмата е нејзина голема љубов и опсесија. Има реализирано повеќе од 10 групни и самостојни изложби.
 
Натка Матиева реализира сликање на платно со акрилни бои. Ова е нејзино прво претставување пред пошироката јавност. Натка Андрева  со сликарство се занимава од 1998 година и има реализирано две самосотојни изложби досега.
 
- Драгица Чекорова со сликарство се занимава десетина години наназад и има учествувано на неколку групни изложби и колонии и воедно е организатор на Ликовната колонија „Неготино"  во 2019 и 2020 година, соопштуваат од Музејот. 
 
Милица Ташева, љубовта кон сликарството ја развила уште како мала, а посебно е наклонета кон сликање на природа и пејзажи. свд/дма/
 
Фото : Музеј Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан