• среда, 24 април 2024

МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Во тек е етапната исплата на пензиите за месец мај, информираат од Министерството за труд и социјална политика. 

-Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток), се наведува во соопштението од МТСП.

Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. дма/са/

 

Фото: МТСП

 

 

 

 

 

Остани поврзан