• недела, 22 декември 2024

„Моќта и улогата на жената во општеството“ панел-дискусија организирана од Центарот за култура во Тетово

„Моќта и улогата на жената во општеството“ панел-дискусија организирана од Центарот за култура во Тетово

Тетово, 8 март 2024 (МИА) – Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ организираше панел-дискусија насловена „Моќта и улогата на жената во општеството“- „Во потрага по еднаквости и права“ со учество на жените од повеќе државни установи и невладиниот сектор од Тетово.

Калтрина Сулејмани од Центарот за култура ја започна панел-дискусијата со презентирање на состојби и статистики од повеќе области како што се правата на жените, видови на извршено насилство, едукација и образование, вклученост на жените, прекршување на женските работнички права и родово насилство.

- Панел-дискусија на Центарот за култура заедно со претставници од другите државни установи е со цел да се подигне свеста кај жените и на целото општество. Во Центарот за култура сметам дека се околу 40 отсто вработени жени, но не значи дека е доволно, работиме на тоа да има што повеќе жени поготово на раководни места, изјави директорот Вулнет Фејзулаи.

- Родовна еднаквоста треба да се почитува, жените треба да бидат повеќе застапени во сите процеси на општествениот живот. Во Фондот за здравствено осигурување, од каде што доаѓам, повеќето сме жени и се бориме за нашата рамноправност, изјави Илијана Атанасовска Исајловска.

Џане Крешова од невладина организација која дејствува во полето на спречување на насилство врз жените вели дека постои посочи дека од четири видови насилства-психичко, физичко, сексуално и економски, најчесто е првото. Економското јакнење кај жените ќе значи и намалување на насилствата врз нив, заклучи Џане Крешова.

- Најчесто застапено е психичко насилство. Секојдневно има навреди кон девојките и жените, но ова е најчесто прикриено насилство, што е многу лошо и не се пријавува. Физичкото сè повеќе се пријавува. Македонките од порано го пријавуваат, а се менува свеста и кај Албанките па пријавуваат. Но има и случаи кога не се пријавува поради тоа што нема каде се вратат жените жртви на семејно насилство, изјави Џане Крешова.

На презентацијата беа посочени статистички податоци. Во 2021 година, од вкупно 81 кандидати во 80 општини и за Град Скопје само две жени се избрани за градоначалнички. Во 2021 година 40,2 отсто од избраните пратеници биле жени, додека во 2022 година процентот на жени во Собранието достигнал 42 отсто. Пописот од 2021 година покажува дека за прв пат учеството на жените со 50,4 отсто е поголемо од учеството на мажите (49,6 отсто). ас/дма/


Фото:  МИА 

Остани поврзан