• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мото трка на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица

Мото трка на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица

Делчево, 15 јуни 2025 (МИА) - Во организација на мото клубот Ендуро тим од Делчево, денеска на локацијата Манастирски ендек се одржа мото трка со учество на моторџии од Делчево, Берово, Виница, Кочани и Македонска Каменица.

Учесниците се натпреваруваа во три категории, а за најдобрите тројца во секоја категорија беа доделени пехари и парични награди.

Дел од настанот беше и Јован Костадинов од Виница, момче кое за време на несреќата во Кочани помогна при извлекувањето на над дваесет млади лица спасувајки ги нивните животи.

Тој како што изјави за МИА, во мотокрос спортовите е од најмала возраст, а денес во во мотори со средна кубикажа, во која дисциплина се натпреваруваше го освои второто место.


-Патеката е добра, има доста места кои го креваат адреналинот на натпреварувачите. Честитки до организаторите на кои им посакувам уште многу вакви трки, изјави Костадинов за МИА.

Претседателот на Мото клубот Ендуро Тим Виктор Стојановски се заблагодари на сите кои придонесоа трката да помине без несакани последици.


-Денес имавме одличен настан на кој учествуваа околу 50 моторџии од горенаведените градови. Најдобрите  во својата категорија добија награди и пехари. Честитки до победниците, а ние продолжуваме овде на оваа локација со заедничка дружба, рече Стојановски.

Мото клубот Ендуро Тим од Делчево постои пет години и досега има организирано повеќе вакви трки во  Делчево. вс/лв/


Фото: МИА

Остани поврзан