• петок, 22 ноември 2024

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во развојот на државата

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во развојот на државата

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) -  Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на дигитални вештини и безбедно пребарување на интернет, се дел од придобивките од набавената ИТ опрема за 40 основни училишта, преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светска банка.

Како што соопшти денеска Министерството за образование и наукa, се вложува во дигитализација на образовниот процес како еден од главните фокуси на реформата на националниот образовен систем. Станува збор за глобален тренд кој, како што се наведува, настојуваме да го следиме, а ќе придонесе и за развојот на дигиталното општество во земјава.

-Со примената на новата ИТ опрема, учениците во основните училишта ќе развиваат нови дигитални вештини, а особено важно е што ќе бидат заштитени од непристојни содржини кои ќе ги ограничува централниот систем инсталиран во рамки на МОН, стои во соопштението.

Од МОН потсетуваат дека покрај набавката на ИТ опрема за основните училишта, ресорното министерство ги опреми и кабинетите по предметите од групата на општествени науки како историја и географија со нови наставни и нагледни средства, а целосно се опремени и кабинетите по природни науки во сите основни училишта.

- Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. Образован и квалификуван кадар може да придонесе за развој на општеството и средината во која живееме. Секоја инвестиција во процесот на образованието, двојно се враќа во државата, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука. мд/аа/

Фото: МОН 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан