Монодрамата „Кротка“ повторно на репертоарот на струмичкиот театар
- Монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, по подолга пауза од вечер повторно е на репертоарот на НТ „Антон Панов“, соопштија од струмичкиот театар.

Струмица, 18 февруари 2025 (МИА) - Монодрамата „Кротка“, работена според истоимената новела на Фјодор Михајлович Достоевски, во режија на Дејан Ангелов, а во изведба на Стојан Велков-Трн, по подолга пауза од вечер повторно е на репертоарот на НТ „Антон Панов“, соопштија од струмичкиот театар.
Музиката за претставата е на Ставро Ангелаков, а сценографијата на Никола Пијанманов.
Актерот Велков-Трн за улогата во претставата е носител на наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Kорча, Република Албанија, во 2021 година.
Претставата е копродукција помеѓу НУЦК „Антон Панов“ и Здружението за култура и развој на креативните индустрии „Култ-Транзен“ – Струмица.рт/са/
Фото: НТ „Антон Панов“ Струмица